(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Нудиме тим од 27 чесни, вредни, стручни, одговорни советници

Од:

„Ставаме крај на 12 годишното криминално и коруптивно работење на ВМРО-ДПМНЕ.
После 12 години лажни ветувања, неостварени проекти и безидејност, на Марјан Ристески му останаа само лагите за непостоечки бегалски кампови.

Лагите и спиновите, нема да го спасат Марјан Ристески од законска одговорност за злоупотребите на парите од општинската каса, што е потврдено од страна на Државната ревизија, а за тоа веќе се интересира и обвинителството.
Со изградбата на ситни паркови и скулптури, локалната власт на Марјан Ристески, не може да ја скрие економската стагнација, невработеноста,уништениот животен стандард и масовното иселувањето на младите од Прилеп.

СДСМ и коалицијата, нудат тим од 27 чесни, вредни, стручни, одговорни луѓе.

Нашврвен приоритет, се интересите и потребите на граѓаните на Прилеп. Вие сте наш приоритет.

Секој од нас, е максимално посветен на мисијата да го вратиме животот во Прилеп.

Со мене како иден претседател на Совет на општина Прилеп, потребите на секоја урбана заедница ќе бидат ставени на дневен ред на седниците на Советот. Општината ќе биде партнер на граѓаните.

Прилеп ќе го добие заслуженото место на мапата развиени европски општини.

Почитувани сограѓани, општина Прилеп ви припаѓа Вам. Општината е ваш дом. Вие мора да знаете кој и за што го троши секој ваш денар.

Тимот на советници на СДСМ, заедно со идниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ќе работи отчетно и транспарентно. Вратите на Општината ќе бидат отворени за сите.

Заедно, со Ваша поддршка, го враќаме животот во Прилеп за сите“, изјави носителот на советничка листа на СДСМ, Миле Талевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните