(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Нема да се градат бегалски кампови и згради во Прилеп

Од:

Сашо Велески, Член на Совет на Општина Прилеп од редовите на СДСМ Прилеп во изјава за медиумите кажа дека со лаги, дезинформации и со инсинуации, како што рече, режимот на Груевски што заминал, сакал да ја замае прилепската и македонската јавност посебно злоупотребувајќи ја институциијата Совет на Општина Прилеп.

– Целиот криминал, корупција, злоупотреба на Власта, што беше евидентна последните години на ДПМНЕ, сега истите тие сакаат да ја затскријат со лаги и манипулации. Во Прилеп децидно кажуваме, како политичко одговорна партија, заедно со нашите коалициони партнери, во Прилеп НЕМА да се градат кампови, згради, нема да се примаат бегалци од кризите на средниот и далечниот исток. Ние овде како советници нема да дозволиме оваа лага, дезинформација да се шири меѓу граѓаните на Прилеп, да се ствара некој страв, дилема и луѓето да живеат под притисок на овие дезинформации. ДПМНЕ направи страшни криминали и злоупотреби во минатите години на владеењето, со овие работи што ги шират меѓу граѓаните на Општина Прилеп и Република Македонија. Повторно кажуваме дека нема да успеат да го задскријат криминалот , правдата ќе ги стигне сите кои што згрешиле пред законите и пред Уставот на Република Македонија, рече Велески.

Според него денешната седница на Општина Прилеп била максимално злоупотребен, со доведување на нова точна на дневен ред, на која што би се донесол некој заклучок за некоја теза која што не постоела.

– Уште еднаш ги уверувам граѓаните на Општина Прилеп, нема бегалски кампови, нема згради за бегалците, нема бегалците да се вкомпонираат во општествениот живот и средината во Општина Прилеп. Ние како одговорна партија која што ја превзеде власта на централно ниво, како одговорна партија која ќе ја превземеме и локалната власт, ќе докажеме дека приоритет за нас е добросостојбата и економскиот просперитет на граѓаните на Општина Прилеп и Република Македонија. Со ваквите дезинформации и инсинуации укажуваат дека ДПМНЕ е во паника и доказ дека многу брзо ќе ја напуштат политичката сцена во Република Македонија и конечно демократската, рече Велески.

Тој додаде дека Владата на СДСМ и коалиционите партнери ќе донеселе подобар живот во Македонија и Прилеп, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат и повика да не се верува во овие лаги и манипулации кои што ВМРО-ДПМНЕ ги ширеле меѓу луѓето.

– Се надевам дека оваа наша изјава конечно ќе ја разбие маглата и ќе сфатат граѓаните на Општина Прилеп дека ДПМНЕ во немоќ ги троши последните адути. Нема да им успее, ДПМНЕ на локално ниво ќе падне на следните локални избори и конечно Прилеп ќе го заживее животот и иднината која што ја заслужува, заврши Велески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата