(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Министерот Јанакиески да ги објасни „случајностите“

Од:

„Случајностите поврзани со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески се множат.

ПЕЛА-ТРАНС-КОМПАНИ е фирмата, којашто, неколку години по ред, по Програмата на Совет на Општина Прилеп за фунционирање на зимската служба, ги добива тендерите за одржување на улиците во градот, во зимски услови.

Директор на оваа фирма е Бобан Синадиноски, близок роднина на министерот Јанакиески.

На Веб страната на електронскиот систем за јавни набавки, не можеме да најдеме објавен тендер за зимско одржување на улиците во Прилеп, за 2014/2015 година.

Но, возила на оваа фирма можат да се видат низ градот како чистат снег“, изјави на денешната прес-конференција Миле Талевски, советник во Советот на Општина Прилеп, од редовиде на СДСМ Прилеп.

„Граѓаните на Прилеп имаат право да знаат, бидејки се работи за трошење нивни пари од општинскиот буџет:

– Дали и со која фирма Општина Прилеп има склучено договор за чистење на снегот и мразот од улиците, и колку ги чини тоа?

– Дали е спроведен законскиот тендер, или возилата на ПЕЛА-ТРАНС-КОМПАНИ “случајно“ и на своја рака, невешто се обидуваат да чистат снег од улиците?

– Ако е спроведен тендер, каде е објавен тендерот, согласно закон?

-Дали роднинските врски помеѓу министерот Јанакиески и фамилијата Синадиноски, биле спрегата за добивање на тендерот, од страна на општината во Прилеп?

После сите објаснувања, случајно улиците во Прилеп се оставени раскопани. Случајно фирмата, што власта ја избра да ја гради канализациската мрежа, е со седиште во куќата на министерот Јанакиески. Случајно улиците и тротоарите се недоисчистени, со снег и мраз, поради што две недели општината беше блокирана.

Јанакиески и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска да ги објаснат „случајностите“ на граѓаните на Прилеп и на Република Македонија“, рече Миле Талевски, советник во Советот на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело