(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Марјан Ристески манипулирал со лицата ангажирани на договор на дело во Општина Прилеп

Од:

„ВМРО–ДПМНЕ повторно игра на популистичка карта, обидувајќи се постизборното фијаско да го замени со градење рејтинг врз лаги и манипулации. И овој пат гази по човечките судбини.
Марјан Ристески во изминатите години ангажирал и по 170-ина лица преку договори за услуги, договори по разни основи, во обид да купува гласови, да ги држи граѓаните во неизвесност.

Ги ангажирал и им ги прекинувал договорите кога сака и како сака. Им давал лажна надеж дека ќе ги вработи на неопределено време.

Новата локална власт затекна околу 60 ангажирани лица со договори за услуги по разни основи, на кои договорот којшто го склучиле со Марјан Ристески им заврши на 31 декември.
Марјан Ристески треба да одговори зошто не им го трансформирал работниот однос и зошто не ги вработил во Локалната самоуправа.

Уште еднаш потенцираме, си играле со човечки судбини, ангажирале лица со договори на дело по 10 години. Јасно било дека не сакале да ги вработат, туку ова била форма на притисок за да останат во гласачкото тело на ДПМНЕ.

По истекот на договорите тие логично останувале без ангажман, како и пред тоа, зашто на власта од ВМРО-ДПМНЕ не и била целта да се однесува со почит кон граѓаните, туку да ги има на листата на гласање.

Оваа манипулација, злоупотреба на граѓаните, СДСМ нема да ја поддржува. Стручна и професионална општинска администрација без оглед на партиската провиниенција на вработените кадри е основна заложба на новата власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски.

Според тоа, сите обвинувања на ДПМНЕ се само пуст обид да им се чуе гласот, во време кога партијата им е десеткувана. Кога граѓаните немаат верба во нивните претставници, во очекување на судска разрешница на криминалите што претходната власт ги правеше со парите од граѓаните.

Времето на криминалната ДПМНЕ измина. СДСМ отвори нова страница во демократијата, со домаќинско, отчетно и одговорно работење“, изјави Миле Талевски – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски