(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Кривична пријава против градоначалникот Ристески за оштетување на општинскиот буџет

Од:

Сашо Велески, Претседател на ОО СДСМ Прилеп денеска во изјава за медиумите рече дека локалната власт во Прилеп, на чело со градоначалникот Марјан Ристески тргнала по криминалните стапки на Никола Груевски.

– Доказ за тоа е извештајот на Државниот завод за ревизија, кој го потврдил криминалното и коруптивно трошење на парите од општина Прилеп. Врз база на наодите во ревизорскиот извештај, до ПС Прилеп и ОЈО Прилеп, поднесуваме кривична пријава против Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески. Имено, ревизорот увидел дека недостига евиденција за околу 90 милиони денари кои што општината ги пријавила во вкупните побарувања во текот на 2015 година. Тоа значи дека се давани лажни податоци во завршните сметки, рече Велески.

Тој додаде дека од благајната се подигале пари за патни и дневни трошоци без евиденција кој износ за што се подига, за кои потреби и за кое лице.

– Само во 2015 година е набавено гориво за службените возила во вредност од околу 2 милиони 800 илјади денари, а не се изготвувале налози за патување и не се евидентирале возилата во кои се става горивото. Без да се усвои годишна програма и план за распределба на средства за здруженија и фондации, во текот на 2015 година градоначалникот префрлил околу 7.5 милиони денари на повеќе здруженија, рече Велески.

Како што кажа тој, во текот на 2015. година била набавена нафта за греење во вредност од околу 1 милион и 500 илјади денари, без евиденција за прием на горивото, на залихата што останувала и без попис на крајот од годината.

– За скулптурата на „Крали Марко“ чија проценета вредност е околу 4 милиони денари, градоначалникот платил дупло, односно околу 8 милиони денари, рече Велески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица