(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Градоначалникот Ристески да се напие од матната вода што ја пијат прилепчани

Од:

Валентин Божиноски, член во Советот на Општина Прилеп, од СДСМ, денеска изјави дека изминативе денови при екстремно високи температури, голем дел од граѓаните на општина Прилеп во своите домови имале заматена и нечиста во да за пиење.

– Го повикуваме градоначалникот Марјан Ристески да испие барем една чаша од водата и со тоа лично да потврди дека водата што деновиве ја пијат граѓаните е безбедна, како што тврди прилепски водовод. Истовремено, го повикуваме директорот на Водовод, Сашо Николоски, јавно да го покаже документот од анализата со кој се тврди дека водата одговара на правилникот за питка вода, изјави Божиноски.

Тој запраша, ако водата е безбедна, зошто во исто време Водовод излегол со мерка водата пред конзумирање да се превива 10 минути.

– Ваквиот однос на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е скандалозен и неодговорен. Најмалку што може да направи директорот на Водовод, е веднаш да си поднесе неотповиклива оставка поради несопобноста да го реши проблемот со водата за пиење! Никој нема право да си поигрува со здравјето на граѓаните, рече Божиноски.

Според него, граѓаните биле изложени на дополнителен трошок и масовно купувале шишиња вода, поради негрижата на локалната власт.

– Ова е резултатот од 12 годишното неодговорно работење на градоначалникот Ристески и неговите директори кои наместо за интересите на граѓаните, се грижат единствено за личните и партиските интереси. По изборите на 15-ти Октомври, во Прилеп доаѓа нова одговорна власт на чело со СДСМ. Процесот на реформи и ослободување на институциите продолжува и на локално ниво. Прилеп ќе добие одговорна, чесна и домаќинска локална власт што ќе работи во интерес на граѓаните, рече Божиноски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници