ВИДЕО: СДСМ Прилеп ги поддржува граѓанските протести

Од:

„Македонија е на нозе во одбрана на уставот, државноста, законите и иднината! Прилеп, градот на непокорот, го крева гласот во име на демократијата, слободата и правдата.

10 години Никола Груевски ја држи заробена иднината на земјата. Ги урниса институциите и се помилува себе си за сиот криминал и грабеж“, изјави Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

„Граѓаните се решени да стават конечен крај на режимот на Никола Груевски и криминалната група околу него и во еден глас порачуваат:

Доста е! Никогаш повеќе Македонија нема да биде заложник на Никола Груевски! Општинската организација на СДСМ ќе застане рамо до рамо со граѓаните и ќе ги поддржи сите граѓанските протести коишто се најавуваат и организираат преку социјалните мрежи од страна на граѓанските организации, неформалните групи и индивидуи во Прилеп.

Ги повикувам сите граѓани на општина Прилеп, масовно да се приклучат на мирниот  граѓански протест, најавен за утре, вторник,19 Април 2016 година, со почеток во 18 часот пред камената бина на плоштад Александрија.

Мирно и ненасилно, јасно и гласно да порачаме, дека нема да дозволиме уште едни криминални избори со непречистен избирачки список, без слободни медиуми и без одвоеност на ДПМНЕ од државата.

Дека нема да дозволиме оние што ја крадеа волјата и парите на народот, повторно да ги украдат изборите. Дека избори на 5-ти Јуни нема да има!

Злосторничкото здружение на чело со Никола Груевски, ќе одговора за криминалот и злосторството врз сопствениот народ.

Или Груевски, или Македонија? Граѓаните избраа Македонија“, рече Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници