(ВИДЕО) СДСМ: Преседан – Ќе менуваат урбанистички планови само со 1/3 советници

Од:

За да поминуваат непречено локалните интереси во сите општини, власта на ВМРО-ДПМНЕ прави невиден преседан. Замислете, ќе можат да менуваат урбанистички планови со поддршка од само 1/3 од вкупниот број советници, рече Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Тоа го предвидуваат измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање. Член 39 став 9 предвидува, цитирам: “Урбанистичкиот план се смета дека е донесен доколку за одлуката за донесување на урбанистичкиот план гласале најмалку 1/3 од вкупниот број членови на Советот на општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје”, додаде тој.

Во ниту еден правен систем не е возможно да се донесе урбанистички план со 1/3 гласови од вкупниот број советници во советите на општините.

Ништо нема да значи мнозинската волја – ако останатите 2/3 од советниците гласале против.

Oва е спротивно и на член 62 од Законот за локална самоуправа на Република Македонија кој предвидува дека прописите во Советот се носат со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на советот.

Со овој потег, ВМРО-ДПМНЕ, ќе може своеволно, со 1/3 гласови, на пример, во општина Центар, да го менува урбанистичкиот план, иако граѓаните на општината јасно и гласно ја дадоа довербата за политиките на СДСМ и коалицијата.

Ова де факто претставува упад во работењето на општините што се раководени од СДСМ и коалицијата и непочитување на уставно загарантираниот принцип на мнозинско одлучување.

Што е следно?

Можеби, како се ближи денот на паѓањето на оваа власт, ќе донесат закон со којшто и Владата ќе можат да ја изберат со 1/3 од пратениците во Собранието на РМ?!

СДСМ бара итно повлекување на планираните скандалозни измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата