(ВИДЕО) СДСМ: Пред вратите на собранието на 27 април бил и Христијан Мицкоски

Од:

„Оваа фотографија покажува дека пред вратите на Собранието, на 27-ми април, бил и Христијан Мицкоски, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно се гледа дека Мицкоски ја минал заштитната ограда и се наоѓа непосредно пред влезната врата на Собранието.

Мицковски бил во толпата на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беа загрозени нивните животи и уставниот поредок на Република Македонија“, рече Михаела Иванова, СДММ.

„Која била улогата на Мицкоски за време на крвавиот четврток? Дали Мицкоски координирал некои од лицата кои влегоа во Собранието?

Дали Мицкоски вака ги сфаќа демократијата и владеењето на правото? Дали е ова новата визија или стариот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски е должен да одговори на овие прашања пред јавноста. Граѓаните мора да ја дознаат неговата улога во најтрагичниот настан во поновата историјата на демократијата во Македонија“, изјави Михаела Иванова, СДММ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат