(ВИДЕО) СДСМ: Потребно е брзо изнаоѓање решенија со мигрантите за да не биде предоцна

Од:

Изминаа 20 дена откако од оваа говорница Општинската Организација на Социјалдемократскиот Сојуз за Гевгелија упати јасни пораки до локалната власт со предлог мерки за решавање на состојбата со налетот на присуството на зголемен број бегалци во нашата општина.

Наместо сериозни заложби од локалната самоуправа, за организирано менаџирање на состојбата каде е видно узурпиран јавниот простор од присуството на илјадници мигранти без соодветни услови за здравствена заштита како на мигрантите така и на здравствените и полициските работници кои се во контакт со нив, ние деновиве сме сведоци на стопостотен налет на нов бран на бегалци и понатаму неорганизираниот третман на локалната самоуправа, со опасност состојбите да ескалираат во еколошка бомба за населението во Гевгелија.

Најавивме дека: „Сакаме Општината под итно да се заложи за спроведување на мерките од областа на просторното ослободување, заштитата на населението и медицинскиот персонал. Доколку овие мерки не бидат превземени во рок од една недела, Општинската организација на СДСМ преку својата Советничка група ќе побара под итно одржување на Вонредна седница на Советот на општината со точка на дневен ред за решавање на состојбата со бегалците, нивното присуство и заштита во Гевгелија.“

Долгото чекање на соодветен одговор на локалната самоуправа на бараните предлог мерки не донесоа резултат на терен освен дуплирањето на бројот на бегалците кои дневно влегуваат преку Грција во Гевгелија. Податоците велат дека тоа е бојка од 3.000 мигранти дневно, што Гевгелија не може да ги опслужи ниту со документи за транзитен престој од 72 часа, ниту со артикли за хигиена и храна, ниту со простор за сместување.

Затоа Советничката група на Социјалдемократскиот Сојуз при Општинскиот Совет ќе започне постапка за свикување на итна вонредна седница за решавање на состојбата со нелегалниот престој на бегалците во градот и здравствено-безбедносни мерки за жителите и мигрантите.

Зошто вонредна седница, кога за налетот на бегалците Македонија беше предупредена уште во март годинава?

– Затоа што НЕ видовме ништо на терен од најавениот организиран пункт во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција што го вети градоначалникот Франгов!

– Затоа што не видовме ништо од најавите на Претседателот н Република Македонија Ѓорги Иванов за засиленото присуство на АРМ во меѓуграничната зона со цел одржување на граничната контрола!

– Затоа што и Премиерот во заминување Никола Груевски кој пред некоја недела ја посети Гевгелија, ама само во функција на бизнис паради, НЕ посака да ги види вистинските проблеми на Гевгелија и бегалската инвазија на парковите, Автобуската, Железничката станица.

Затоа што и Министерот за внатрешни работи Чавков при завчерашната посета на Железничката станица во Гевгелија, парадираше пред распореден кордон полицајци кои ја расчистија зоната и состојбата беше поднослива за успешен МВР извештај.

Мижењето пред проблемите не значи дека ги нема, или дека не може да станат поголеми ако со време не се зафатиме со нивно решавање.
Кај нас локалната самоуправа мижи, а исто и централната.

Затоа, оправдани се и реакциите на граѓаните кои бараат соодветен третман од локалната власт за превземање на безбедносно-заштитни и здравствени мерки по присуството на зголемениот број мигранти во градот и општината.

Време е СДСМ како коректор на власта да ги постави барањата на официјална Вонредна седница на која ќе предложи мерки за надминување и олеснување на состојбите со бегалците во Гевгелија, како и мерки со кои Македонија не би требало изолирано да го гледа проблемот, туку преку глобално решавање на истиот со посредство на Европската Унија.
Очигледно е дека Македонија нема стратегија за состојбата со бегалците, ниту пак организирана политика за олеснување на притисокот кој го чувствуваат гевгеличани со енормното присуство на нови и нови лица.
Проблемот подразбира не само хуманитарни прашања, туку и безбедносни ризици по градот и Општината поради што СДСМ ги оправдува и поддржува граѓанските реакции кои деновиве се дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на неодговорниот однос на Општината кон состојбата со миграните и нивниот нелегален престој долж територијата на градот и внатрешноста.

Пресот на портпаролот на градоначалникот не го сметаме за соодветен одговор, бидејќи СДСМ бара ангажман на сите локални ресурси за справување со состојбата со бегалците, а во одредени сектори и ресурсите на државата како генерална политика на земјата кон бегалската криза од Блискиот исток и африканските земји, а не само на Градоначалникот.

Затоа ќе се обратам до Градоначалникот –
Г-дине Франгов:

Наместо да праќате гласници да ги дискредитираат Вашите критизери, обидете се нешто да сторите со реалните проблеми на гевгеличани:
Тие си ги сакаат јавните површини и паркови за кои плаќаат комунален надоместок во сметките за вода да им бидат достапни, јавниот автобуски и железнички превоз да им биде доспапен, јавната безбедност во градот и хигиената на јавните простори да бидат издигнати на високи стандарди како што ја доликува Европската порта како што ја нарекувате Гевгелија.

За таквата Гевгелија, СДСМ ќе бара вонредна седница.

Молкот на институциите мора да престане.

Потребно е брзо изнаоѓање решенија за да не биде предоцна.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ