(ВИДЕО) СДСМ: Пелагонија пред колапс

Од:

Пред 5 месеци апелиравме и опоменувавме за можните последици од недостиг на вода поради свлечиштето на главниот канал на хидро системот Стрежево. Но, власта на Никола Груевски и неговите кадри од ВМРО-ДПМНЕ тогаш ни се потсмеваа. Денес, за жал, лошите прогнози станаа страшна реалност, велат од СДСМ.

Веќе неколку дена Пелагонија се соочува со вистинска катасрофа. Нема ниту капка вода за наводнување на жедната почва на површина од над 10 илјади хектари. Земјоделските култури горат на овие тропски горештини, родот пропаѓа, а трудот и потта на земјоделците отидоа во неповрат. Што е уште полошо, засега никој не може да предвиди и да каже дали и кога ќе има вода за наводнување во Пелагонија.

Земјоделците веќе трпат огромни штети со несогледливи последици, а сосема извесно е дека граѓаните ке се соочат со недостиг на земјоделски производи, а секако и со повисоки цени.

Власта на Груевски не ја интересираат потребите на граѓаните, само личните интереси. Затоа партиските и нестручни раководни кадри на ВМРО ДПМНЕ од ЈП Стрежево немаа слух за добронамерните опомени и половина година не успеаја да го санираат проблемот со свлечиштето над главниот канал. Така Пелагонија остана жедна како никогаш досега од како е изграден хидро системот Стрежево.
Наместо оправдувања и префрлување на одговорноста каде што ја нема, доблесно е власта на Никола Груевски и неговите раководни кадри од ЈП Стрежево да понесат одговорност за ова што им го направија на земјоделците, а последиците можат да бидат и пошироки.

За да се ублажат последиците од оваа катастрофа, СДСМ бара:

-Владата на Никола Груевски да ги обештети земјоделците, наместо да ги тушира скапите непотребни палми низ Македонија.

-Владата веднаш да ја прогласи состојбата во Пелагонија за елементарна непогода,

-Веднаш да се формира Комисија за проценка на штетите во којашто во најголем број ќе учествуваат земјоделци кои се непосредно засегнати и најдобро ја познаваат состојбата на теренот.

-Заради ненавременото решавање на проблемот со свлечиштето, поради што земјоделците веќе имаат огромни загуби, граѓаните на Битола се соочени со ризикот од недостиг на вода, а во прашање е доведно и функционирањето на РЕК Битола, за почеток, директорот и целото раководство на ЈП Стрежево, веднаш да поднесат оставка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“