(ВИДЕО) СДСМ: Нерегуларности и конфликт на интереси за вработување во театрите?

Од:

„Имаме сознанија за нерегуларности, клиентелизам, непотизам и конфликт на интереси при вработувања театарски работници во театрите низ Македонија“, рече Роберт Алаѓозовски,претседател на Комисијата за култура на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Бараме одговор:

-Дали некои високо образовни институции се претворени во вистинска работилница за дипломи? Според нашите информации студенти на овие факултети, од завршните години, набрзина дипломираат, испити се одржуваат во неиспитна сезона и уверенија се штанцаат надвор од законските рамки и процедури?

-Дали ова се прави за нивно експресно вработување во театрите?

-Дали по овој принцип е во постапка вработување на дваесетина актери, режисери и драматурзи во театрите во Скопје и во земјава?

-Дали е точно дека при вработувањата не се зема предвид рејтингот на образовните институции или класата на којашто студентите дипломирале, не се зема предвид успехот на кандидатите, ниту нивното портфолио, туку единствен критериум е близината до  власта?

Имаме сознанија дека при аудициите за вработување, некои факултети се фаворизираат надвор од  објективно кредитираниот рејтинг за сметка на други. Дел од професорите ангажирани на одредени катедри имаат конфликт на интереси зашто тие ќе треба да ги примаат на работа студентите што претходно ги дипломирале.

Поради сето ова, овие огласи се обжалени, но правдата не е истерана до крај, губејќи се во лавиринтите на зависното судство.

Го повикуваме државниот просветен инспекторат да го испита скандалот со штанцањето дипломи.

Го повикуваме трудовиот инспекторат да ги провери досегашните огласи и вработувањата со непотизам и по непринципиелни основи“, изјави Роберт Алаѓозовски,претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати