(ВИДЕО) СДСМ: Недостигаше уште Кембриџ импровизација

Од:

Милевка Ѓорѓиева од СДСМ денеска истакна дека откако годинава се воведе новата Кембриџ програма, учениците збунето слушаат што им се предава, а во солзи се враќаат дома. Таа тврди дека родителите се во страв за здравјето и успехот на децата, а за сето тоа наставниците кревале само рамена и не знаат како да го објаснат нелогичното инсистирање на реформата.

Ѓорѓиева вели дека власта успеа да ја протурка во наставните програми, со обука на наставниците, како што се пофали Бирото за образование, од цели 2 дена, а учениците уште од прво одделение почнаа со физика, хемија и биологија, преку предметот природни науки.

– Првачињата учат да бројат до 100, да собираат и одземаат во парови, да читаат и да пишуваат. Но, училиштата ги немаат потребните помагала. Тоа се најразлични сложувалки, домина, јажиња со монистри, што треба да придонесат учениците да учат низ игра, кога веќе им се воведува ваков систем за учење уште во најраната возраст. Посебни проблеми прави наставата за учениците од второ и трето одделение. Годинава тие треба да знаат читање и пишување и да пресметуваат до 100 за да продолжат понатаму. Но ги немаат овие знаења! Тие, минатата година учеле по друга програма. Малку е стресот од екстерното тестирање, што од оваа година стана задолжително од четврто одделение – вели пратеничка на СДСМ.

Таа додава дека оправдувањата за овој потег во основното образование се споредби со наставни програми во Велика Британија, но тамошниот системот е различен и основното образование таму почнува од 4 години и завршува на 11 години.

– Велика Британија просечно инвестира по 54 илјади фунти по ученик! И покрај тоа, на меѓународните истражувања, по предметите читање, пишување и природни науки Британија е зад Финска, Норвешка и Полска. Дури и со вакви можности, самата експертска јавност во Велика Британија оценува дека другите земји имаат подемократски пристап кон знаењето и можностите. Клучот за успех во образовниот систем не е во зголемениот број часови и предмети. Не е во притисокот врз учениците и наставниците. Туку во ефикасна настава од добро обучени наставници, а не од партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ што ги потиснаа професионалците во училиштата. СДСМ се заложува за издржани проекти изведени низ интеракција, помеѓу учениците, родителите и наставниците, со цел да се одговори на реалните потреби на учениците. СДСМ порачува, без водење инает, да се гради систем на вредности во образованието – вели Ѓорѓиева.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК