(ВИДЕО) СДСМ: Натамошното функционирање на Комисијата е одговорност на власта и претседателот Иванов

Од:

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во целост ги отфрла како што велат, неточните, лажни и со ништо непоткрепени информации, лиферувани преку медиумите контролирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се обвинува СДСМ за нефункционирањето на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.

Со лиферување на овие лажни информации, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не само што сака да ја избегне одговорноста за нефункционирањето на Комисијата за 24 декември, туку и дека никогаш искрено немало намера да ги исполни своите обврски и да го испочитува договорот постигнат на први март, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

СДСМ во целост и крајно принципиелно ги исполни сите обврски од тој договор, затоа што СДСМ секогаш во прв план го става интересот на граѓаните. Уште повеќе, надвор од договорените обврски, СДСМ без условувања и без оглед на завршницата од работата на Комисијата, донесе одлука во полн капацитет да учествува во работата на институциите.

Од своја страна, пак, ВМРО-ДПМНЕ не стори ништо да се одблокира функционирањето на Комисијата, затоа што не сака обелоденување на вистината за тоа што се случи на 24 декември во Собранието.

Од тие причини, ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да посочи барем еден чекор што го има направено во таа насока.

Натамошното функционирање на Комисијата, по повлекувањето на претседателот Давитковски, е одговорност на власта и претседателот Иванов, чијашто обврска е именувањето прв човек на Комисијата.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се нервозни поради тоа што притиснаа роковите за заклучоци во врска со инцидентите, еден од условите што ѝ ги постави Брисел на земјава.

СДСМ уште еднаш ja повикува власта на крајна сериозност, затоа што лошите политики на Груевски и на оваа Влада во континуитет ја комплицираат европската иднина на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“