(ВИДЕО) СДСМ: Наставници и родители, власта ве лаже и за платите и за казните од 2.000 евра

Од:

„Независно што по некои медиуми, во овие моменти излегува информација за наводен договор помеѓу СОНК и Владата, СДСМ ги поддржува барањата на СОНК и инсистираме Владата да ги сфати сериозно.

Сепак, сакаме да укажеме на неколку работи, бидејќи власта деновиве грчевито, со сите сили и од сите страни се обидува да не успее штрајкот на наставниците и професорите не избирајки средства за тоа“, изјави на денешната прес-конференција Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука, СДСМ.

„Да разјасниме:

1.   Според Уставот на Р.Македонија, член 38, правото на штрајк е гарантирано!

Затоа му порачуваме на СОНК да не се обесхрабрува поради притисоците и заканите на власта. Власта е таа што се исплаши од големото незадоволство во образованието и затоа крши Устав, закони и меѓународни конвенции и употребува лаги.

2.   Лага е дека наставниците кои ќе штрајкуваат, ќе останат без плата.

Еве документ. Потпишан е лично од министерот Абдулаким Адеми. Самиот министер Адеми на општините и директорите им појаснува дека согласно колективните договори од областа на основното и средното образование потпишани од Министерството за образование и СОНК:

dokumentMON-sdsm

Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајкот, во висина од основната плата на работникот, како и придонеси, доколку Синдикатот организирал штрајк поради кршење на правата, или зголемување на правата на работниците.

3.   На што личи заканата на министерот за родителите кои нема да ги пуштат децата на училиште поради најавениот штрајк, дека ќе биле казнети со по 2.000 евра?!

Казните, согласно законите за образование, се предвидени за родителите кои не ги запишале или не ги пуштаат воопшто своите деца на настава. Казни не се предвидени доколку родителите не ги пуштат децата на настава, во време на штрајк.

dokumentMON-sdsm1

4.   Упатуваме директна порака до власта и до сите нивни извршители:

Сите кои го кршат Уставот, кои ги кршат законите и кои не ги почитуваат меѓународните конвенции за заштита на работничките права, коишто Македонија ги ратификуваше 1991 година – сите тие, ЌЕ МОРА ЗА ОВА ДА ОДГОВАРААТ.

5.   Јасно изјавивме, дека СДСМ ги поддржува барањата на СОНК!

Образовен сектор во Р.Македонија не постои, постои хаос. За ова се виновни погрешните политики на Владата на Никола Груевски и нивните 5 или 6, министри за образование.

Наставниците и професорите се претворени во извршители и писари, имаат малку време за образование и главно се малтретирани со проекти и обуки со нејасни цели.

Наставниците и професорите постојано се изложени на притисоци од сите страни. Каков квалитет да очекуваме под вакви услови за работа?

Цела година СДСМ го говори ова, но дури сега СОНК ги отвори овие прашања.

Во интерес на учениците, неопходно е да престанат уцените, да се врати достоинството на наставниците преку укинување на казните во законите со што ќе се овозможат услови за поквалитетен образовен процес.

Ја повикуваме власта на Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ да се насочи кон овие цели, наместо вештачки да го покрива незадоволството и да го спречува легитимното право на штрајк“, рече Петар Атанасов.

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје