(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски е лажен патриот и нечесен кон граѓаните

Од:

„Тажно е да се гледа како Христијан Мицкоски се плетка во сопствените лаги, секојдневно обидувајќи се да го испере срамот од дебаклот што го доживеа на Самитот на ЕПП во Загреб.

Залудни се обидите на Мицкоски. Во видеото во прилог јасно се гледа и слуша, на прашањето, дали го поддржува Договорот со добрососедство со Бугарија, Мицкоски како јасно одговара дека поддржуваат, или “поткрепаме” како што вели тој.“, реагираат од СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски на средбата со Бојко Борисов при посетата на Бугарија.

„Јасно е дека Мицкоски е тој што лаже.

Мицкоски е загубен во сопствените лаги и ниту една прес конференција, ниту едно партиско соопштение од белиот дворец, ниту едно интервју тоа нема да го покрие.

Со таков лажен патриотизам и нечесен однос кон граѓаните, Мицкоски го очекува пораз на парламентарните избори на 12 април.

Се покажа уште еднаш дека Мицкоски нема став, дека едно зборува дома, а друго зборува надвор од државата.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ