(ВИДЕО) СДСМ Крива Паланка: Чии интереси брани директорот на ОУ „Јоаким Крчовски” во Крива Паланка?

Од:

„Директорот на основното училиште „Јоаким Крчовски” во Крива Паланка постапува спротивно на Правилниците и не го почитува ставот на Советот на родители.

Родителите се револтирани од самоволното однесување на директорот кој не го почитува нивниот негативен став за планираната екскурзија, за учениците од шесто одделение, поради неповолните услови.

Родителите на учениците од шесто одделение, откако дознале за условите за реализирање на екскурзијата, самоиницијативно свикале седница на Советот, само пет дена пред планираното спроведување.

Оценка била дека цената од 3.000 денари по ученик, за екскурзија во Дојран е несоодвета и му препорачале на училишниот одбор истата да не биде прифатена.

Спротивно на тоа директорот инсистирал истата да биде спроведена без никакви одлагања.

Ова самоволно однесување на директорот е спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на изведување на ученичките екскурзии и другите слободни активности на учениците од основните училишта“, изјави на денешната прес-конференција Миле Трајковски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во совет на општина Крива Паланка.

„Во член 7 од Правилникот, се вели дека за секоја програма за екскурзии и други слободни активности, одделно мислење дава Советот на родители, најмалку 30 дена пред нивното изведување. Врз основа на ова Училишниот одбор ја одобрува секоја програма за екскурзии и други слободни активности најмалку 20 дена пред нивното изведување.

Зошто не е запазен временскиот рок за свикување на Советот на родители, нивниот став и ставот на УО на ова училиште?

Зошто не се почитува Член 15 во кој се вели дека посетата на локалитетите  не смее да се повторува со ученици кои веќе го посетиле одбраниот локалитет?

Зошто по Член 21 Одделенските раководители не ги запознале родителите за финансиските износи потребни за екскурзиите најдоцна 15 дена пред терминот предвиден за истото, туку тоа се случило на вонредна седница на Советот на родители.

Чии интереси брани директорот? Дали зад сето ова стои бизнис интерес на фирми блиски до власта?

После сите овие пропусти, апелираме директорот да ги почитува барањата на родителите и да се грижи за интересите на децата.

Воедно бараме да се изврши надзор над целокупната постапка од надлежните институции како што е Државниот просветен инспекторат и овластениот просветен инспектор на општината“, рече Миле Трајковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација