(ВИДЕО) СДСМ: Коце прави плоштад пред ВМРО-ДПМНЕ за над милион евра

Од:

„На денешната седница на Советот, градоначалникот Коце Трајановски предлага граѓаните да платат 1 милион и 377 илјади евра за уредување на околината на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката група на СДСМ и опозицијата најостро се спротивставува на ова расфрлање за раскош и луксуз на Коце Трајановски“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група во Град Скопје на СДСМ и коалициските партнери.

„Наместо за плоштад од 1 милион и 377 илјади евра предлагаме парите од буџетот на градот да се потрошат на:

         Изградба на водовод во населбата Шуто Оризари и

         Воведување на секојдневен бесплатен јавен превоз за студентите

Недозволиво е дел од граѓаните на Скопје да немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, а да се трошат 1 милион и 377 илјади евра за уредување на просторот пред партиското седиште на Никола Груевски.

Тој ги задолжува граѓаните со кредит за зградата на ЈП Водовод, тврди дека нема пари за бесплатен превоз на студентите, а од друга страна гради луксузни плоштади, споменици и фонтани.

Во време кога Скопје се гуши во загаден воздух и се дави во поплави а граѓаните тонат во сиромаштија и невработеност Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ тонат во раскош и луксуз.

Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро“, изјави, на денешната прес-конференција, Манчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните