(ВИДЕО) Шилегов: Јанкулоска направи упад во судството

Од:

„Според Уставот, Судот за прекршоци е дел од независна судска власт, а не одделение во МВР, па полицијата да апси вработени!

Гордана Јанкулоска и МВР требало да се обратат до претседателот на Судот или до Републичкиот судски совет. Тие се должни да вршат надзор врз работата на судиите и нивната ажурност.

Така е во нормални демократски држави.

Републичкиот судски совет, судиите, а особено Врховниот суд имаат должност кон граѓаните да го кренат својот глас против овој најнов упад во поделбата на власта и во судството, што го направи власта на Никола Груевски.

Власта неуспешно се обиде да го одвлече вниманието на домашната јавност од најкритичниот Извештај на ЕК и даде уште еден аргумет на растечката загриженост на Комисијата за проблемите во судтсвото.

Во Република Македонија, каде што има селективна правда и нема разлика помеѓу државата и партијата, апсењето судии и судски службеници од страна на МВР е уште една потврда дека судството е инструмент на полицијата и извршната власт“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби