Кому и како Никола Груевски ќе отпишува долгови кога целиот народ тоне во сиромаштија? Зошто немаме бројки и податоци за сиромаштијата во 2012 и 2013 година може само да претпоставиме, но заради тоа што официјалните статистики се последни од 2011 година, ние во овој прес споредбено ќе ги претставиме податоците, 2009 со 2011 година, вели Мила Царовска, претседателка на Советот за труд и социјална политика на СДСМ.
Процентот на домаќинства на коишто им биле потребни повеќе од 30.000 денари, за да си ги задоволат основните минимум потреби, месечни, во 2009 година изнесува 41, 1 процент. Во 2011 година, тој се зголемил на 47, 2 проценти. Ова ни укажува дека секоја година трошоците за живот ни се зголемуваат, вели таа.
Во продолжение целата прес конференција:
Во 2009 година, процентот на домаќинства коишто живееле полошо од минатата година бил 12, 2 проценти.
Во 2011 година тој се зголемил на 17, 6 отсто. Според последните достапни податоци. Во 2011, процентот на лица кои не можат да си ги платат сметките за струја, греење и вода е 37,9 отсто, а на лицата коишто се гладни или не можат да си купат доволно количество месо е 56, 9 проценти.
Половина од македонците ни се гладни!
Овие податоци укажуваат дека Владата секојдневно генерира и произведува сиромаштија. Ако навистина сакате да го решите прашањето со сиромаштијата и да го надминете овој проблем, одговорете на следниве прашања:
Зошто од едната страна ја држите висината на социјалната парична помош на 2.451 денар месечно, којашто е за два пати помала од утврдениот минимум праг на сиромаштија во Македонија којшто изнесува 5.307 денари на месечно ниво?
А, од друга страна еднократно отпишувате долгови и на оваа категорија на граѓани.
Дали со ова сакате да креирате состојба на илузија во којашто ВМРО-ДПМНЕ прави нешто за сиромашните, а притоа ниту има цел ниту има намера долгорочно да го реши овој проблем на граѓаните?
Што ќе прават граѓаните по отпишувањето на долговите? Па, тие и во моментот генерираат и создаваат нови трошоци и нови долгови. Дали наредната година Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им ги отпише долговите? До кога ќе нудите вакви манипулативни решенија?
Вистината е дека граѓаните ги плаќаат и ги враќаат долговите, коишто ги прави Владата на Никола Груевски. Затоа власта секојдневно смислува и измислува нови закони и мерки преку коишто ќе ги собере парите од граѓаните.
Социјалдемократскиот сојуз верува дека е потребно да се создадат услови за достоинствен живот на сите граѓани. Ослободувањето од радиодифузната такса на примателите на социјална парична помош и постојана парична помош е мерка којашто беше предвидена во предизборната Програма на Социјалдемократскиот сојуз.Вие тогаш гласно ја критикувавте. За веднаш по изборите да ја промовирате како своја.
Потребно е, за да ја надминете сиромаштијата, да се утврди минимален доход, приход во оваа држава или одредена минимална социјална сигурносна мрежа, којашто ќе успее да ги задоволи, да ги гарантира минималните потреби на граѓаните.
Второ, ангажирање на пазарот на труд на социјално ранливите категории на граѓани .
Трето, зголемување на минималната плата на достоинствено ниво, коешто ќе престане постојано да генерира вработени, сиромашни како досега.