(ВИДЕО) СДСМ: Груевски го кочи наставно – воспитниот процес во Куманово

Од:

Општина Куманово алармира дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ тенденциозно го кочат наставно – воспитниот процес на учениците. Прво, и покрај бројните укажувања на општина Куманово дека во училиштата имаат потреба од педагози, психолози, дефектолози, логопеди, Министерството за образование ги игнорира барањата и не дава согласност. Ваквото однесување се одразува директно на штета на децата, рече Мартин Костовски – претседател на ОО СДСМ Куманово.

Второ, власта на ВМРО-ДПМНЕ за општина Куманово издвојува средства под минималното ниво за училишните објекти и инфраструктура.

Поради доцнењето на блок дотациите од Владата, се создаваат проблеми при исплатата на клучните потреби на училиштата, како што се обезбедувањето енергенси за затоплување и бесплатниот ученички превоз.

Бараме власта на Никола Груевски сериозно да ги разгледа овие укажувања на општина Куманово и да постапи на ниво на одговорноста.

Буџетот на Република Македонија го полнат и граѓаните на Куманово.

Укажуваме дека е дозволиво граѓаните на Куманово да бидат заложници на фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кои не можат да ја добијат довербата на кумановчани.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата