(ВИДЕО) СДСМ: Гинат луѓе на дивиот премин кај Инџиково, каде е власта?

Од:

Граѓаните за да поминат користат див премин преку автопатот. На ова место кадешто преминуваат граѓаните секоја година гине по најмалку еден наш сограѓанин.Овој пешачки мост е ветување и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. До ден денес, ветувањето не е реализирано, вели Дејан Ристиќ, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски потрошија милиони евра за споменици, барок и бронза за Скопје 2014 а на неколку километри од градот граѓаните ги немаат основните потреби за нормален и достоинствен живот.

СДСМ бара власта на ВМРО-ДПМНЕ што поскоро да се зафати со решавање на овој горлив проблем. Ветениот пешачки мост под итно да се изгради за да се спречат несреќите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он