(ВИДЕО) СДСМ: Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги запоседнаа државните институции во Струмица

Од:

Она што го прават Никола Груевски и неговите соработници во ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под нивна контрола, е уште една потврда на паниката во нивните редови, рече Илија Патриков, секретар на ОО СДСМ Струмица.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да манипулираат со `се што можат за да го покријат криминално – корупцискиот начин на којшто владееле и добивале избори, злоупотребуавајки ги буквално сите државни институции за лични и партиски цели.

Еве мал дел дел од многуте непотистички вработувања во државните институции само на дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица:

• Зоран Пакетов – претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ги вработи:
– сопругата Билјана Пакетова како инспекторка во Дирекцијата за храна,
– братот Александар Пакетов во Музејот во Струмица,
– снаата Лидија Пакетова во УЈП,
– првиот братучед Јосе Василев, инаку претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во Центарот за вработување
• Тони Митров, кумашинот на актуелниот пратеник Васил Пишев е вработен во УЈП,
• Зулијана Иванова, актуелна советничка во Советот на Општина Струмица и другарка на актуелната пратеничка Силвана Бонева е вработена како началник во Министерството за земјоделство, нејзината ќерка која се школуваше на државен трошок е вработена во МВР, а сопругот на Зулијана, Ванчо Иванов е вработен во Шумската полиција,
• Миро Топчев – советникот во општина Струмица е вработен во УЈП,
• Веселинка Ристовска, актуелна советничка во Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е вработена во Центарот за вработување во Струмица
• Тинка Стојанова, актуелна советничка во Општина Струмица ја вработи својата ќерка Недица Иванова во Државниот архив во Струмица
• Костадин Шолев, актуелен советник се вработи во Министерството за труд и социјална политика
• Силвана Бонева, актуелна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ ги вработи:
– својот сопруг Александар Бонев во Ј.П. Паркови и зеленило во Скопје,
– деверот Горан Бонев во Министерството за земјоделство
• поранешната пратеничка Соња Гелова Стојанова лично се вработи како директор во Агенцијата за ревизија, а својот сопруг Љупчо Стојанов го вработи раководител во УЈП,
• поранешниот пратеник Слободан Ќосев лично се вработи како директор на Ј.П Паркови и зеленило во Скопје, а својата внука Елена Ќосева ја смести во Заводот за рехабилитација во Бања Банско
• Неда Бјадова, портпаролка на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се вработи во Службата за имотно-правни односи, а нејзината мајка ја вработи на Универзитетот Гоце Делчев,
• Павлина Георгиева е вработена како директор на Центарот за вработување во Струмица, синот Александар Георгиев во Медицински центар во Струмица, а сестрата Лимонка со завршен факултет за физичка култура ја вработија во УЈП.
• Слушнете за актуелниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков кој ги вработи:
– Сопругата Чавкова Јасмина која претходно работела како дактилограф, а вонредно завршила на ФОН добила раководна функција во Секторот за гранични работи и миграција во МВР,
– Снаата Данче Чавкова е вработена како раководител на отсекот за крипто заштита
– Внукот на министерот Илија Николов е заменик началник на СВР – Струмица,
– Внуката од првиот братучед Зекирска Јасмина, полицаец со вонредно тригодишно образование во СВР – Струмица е унапредена за инспектор за економски криминал,
– Првата братучетка на Јасмина Чавкова, Бистра Глигорова е вработена како началник на Одделението за заеднички работи
– Првиот братучед на Јасминка Чавкова, Драганчо Трендафилов е вработен како раководител на Отсекот за крим техника
– Другарот на министерот Чавков, Трајан Николов е заменик началника на СВР – Струмица, а неговиот син е вработен во СВР – Струмица,
– Синовите на другарот на Митко Чавков – Драги Стојменов Марјан и Дејан се вработени во СВР – Струмица

И така натаму и така натаму. Ова не е непотизам. Ова е класична окупација на институциите на системот од страна на кадрите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ нема ни морално ни професионално право да зборува за
Општина Струмица којашто работи исклучиво по закон, а администрацијата во општината е професионална и транспарентна.

Во извештаите на Европската Унија, на ОБСЕ/ОДИХР критики има за злоупотребите што ги прави власта на Груевски со државната администрација и ВМРО-ДПМНЕ нека тргне од таму.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење