(ВИДЕО) СДСМ: Екстерно нема да има!

Од:

Донесените измени на Законот за високото образование власта на Никола Груевски и воведувањето т. н државен испит, го загрози уставно загарантираното право на студирање и направи упад во автономијата на универзитетите, рече Љубиша Николиќ од СДСМ.

Измените се донесени без минимум дебата, без да се земат предвид ставовите на студентите, професорите и широката општествена јавност.

Само дилетантска власт може да си дозволи да изврти ставови на високо – образовна научна институција, за да одглуми наводен спасител.

Се е јасно.

Целта на власта не беше подобар квалитет на високото образование , затоа што токму оваа власт и учествуваше во уништувањето на образованието во целина.

На уплашената власт од разбудената интелектуална свест и се потребни нови механизми на контрола на студентите и професорите и набрзина донесените измени се таков обид.

Затоа се воведените високи казни за професорите, кои одат до затворски казни за деканите, нешто што е својствено за режимите, а не за парламентарни демократии каква што некогаш беше Македонија.

Во таа функција се и наметнатите, т.н. норми и лиценци (менторства, импакт фактори) што водат кон намерна поделеност и понижување на професорите.

Парламентарното мнозинство синоќа ја задоволи суетата на Никола Груевски.

Но, СДСМ порачува дека екстерно тестирање нема да има.

Екстерното тестирање, и во средните училишта и на факултетите, ќе биде укинато.

Власта на Никола Груевски, и сите што и помогнаа во спроведувањето на насилните политики што го уништија образовниот систем, ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“