(ВИДЕО) СДСМ: Економска обнова на Македонија е можна само со вистинска борба против криминалот

Од:

„Денеска тимот на СДСМ е помеѓу граѓаните на Берово и Пехчево. Разговараме за проблемите со коишто се соочуваат граѓаните и мерките од Програмата на СДСМ што се одговор на проблемите и нудат сигурна иднина за подобар живот на сите.

Но, економската обнова на Македониј не е можна без вистинска и безкомпромисна борба против корупцијата и криминалот“, рече Пеце Мирчевски, член на извршен одбор на СДСМ и претседател на комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

„На Македонија и се потребни слободни и професионални државни институции кои ќе работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партијата на власт.

Само депатризирани институции можат да водат бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата што во Македонија има сериозни размери.

Оваа власт целосно ги партизираше институциите за да можат да ги спроведуваат милионските тендери од коишто, веќе е јасно за сите, корист имала фамилијата на власт и нивни фирми регистрирани по рајските земји.

Според проценките, над 5 милијарди евра народни пари братучедско-кумската власт има испумпано надвор од Македонија.

Во меѓувреме во државата се случува незапаметена сиромаштија. Над 500.000 нуѓе живеат на работ на сиромаштија.

Ставаме крај на рајските шеми, преку оф-шор компании во странство коишто ги кријат вистинските сопственици.

Една од мерките во програмата на СДСМ предвидува секоја фирма, пред идната одговорна власт и пред граѓаните, да каже кои се вистинските сопственици.

Чесните фирми и граѓани нема што да кријат.

По примерот на земјите од Европската Унија ќе спроведеме законско запленување на криминално стекнатиот имот, стекнат преку корупција, организиран криминал, веднаш по правата правосилна пресуда.

Само нова, транспарентна и одговорна Влада може вистински да се бори против корупцијата и криминалот“, изјави Пеце Мирчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел