Адвокатот Филип Медарски во име на СДСМ достави нови докази за скандалот со прислушување кој го отвори лидерот Зоран Заев.
Пред медиумите соопшти дека се проширува претходно поднесенета кривична пријава за неовластено прислушување која ја поднесе СДСМ. До обвинителство освен прислушуваните разговори на Зоран Заев, Медарски ги доставил и останатите разговори кои беа јавно презентирани од претседателот на СДСМ а ги вклучува и разговорите на Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески, шефот на УБК Сашо Мијалков и Муса Џафери од ДУИ, разговорот помеѓу Гордана Јанкуловска и екс министерот за правда Михајло Маневски, разговорот на Драган Павловиќ-Латас со Филимена Маневска и останатите кои досега се јавно на прес конференција презентирани на јавноста.
„Дадено е проширување на поднесената кривична пријава за неовластено прислушкување. Како доказ се доставени сите оние снимки кои се веќе јавно презентирани. Очекуваме јавното обвинителство во предвид да го земе и овој доказен материјал и да постапи по закон“, изјави адвокатот Филип Медарски.