(ВИДЕО) СДСМ: Дали и што добил за возврат градоначалникот Димитров од даденото општинско земјиште?

Од:

Веројатно охрабрени од злоупотребите на државно земјиште за лични и бизнис интереси што ги правеле Груевски и неговите соработници во централната власт, тоа се случува и на локално ниво, вели Сашко Костов, претседател на ОО СДСМ Кочани.

Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитров, според достапните информации, надвор од законот за градење, без соодветно одобрение за градење и на државно земјиште дозволи да се гради објект, на познат бизнисмен, соработник со власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за дворната површина пред општинската зграда заведена под КП. бр.11790 зa KO Кочани.

Објектот е изграден спротивно на Законот за градење, поради тоа што за извршената градба не постои соодветна градежна техничка документација. Од општината не ни може да биде издадено одобрение или решение за градење, затоа што според ДУП на Кочани, на површината на koјашто се наоѓа поголемиот дел од објектот не е предвидена градба.

Веројатно за да се исполнат сите услови од договорот со бизнисменот, еве можете да видите дека се градат и пристапна патека и скали иако и овде, според ДУП на Кочани не е предвидена градба.

Со ова се прави уште една узурпација на јавно земјиште. Според катастарска евиденција, овој простор е предвиден за парк, тоа и што беше. Паркот, односно КП. бр 11792 зa КО Кочани, е сопственост на Република Македонија.
Жителите го паметат ова место како мал зелен рај, мал парк со фонтана, што беше ладовина и сите.

Градоначалникот Ратко Димитров треба да им објасни на граѓаните на Кочани дали и со кое право злоупотреби државни земјишта за реализација на бизнис договор?

По кој закон се доделени државните земјишта на бизнисменот, познат соработник на ВМРО-ДПМНЕ и по кои основи издава Решение за поставување на настрешница, а дозволува на лице место да се гради објект.

За возврат на продадените интереси на граѓаните, дали и што добиле за возврат Ратко Димитров и неговите од партијата.

Никој не смее да се става над законот и над интересите на граѓаните.

За овој потег на градоначалникот Ратко Димитров мора да има одговорност, рече Костов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“