(ВИДЕО) СДСМ: Дали Груевски е анонимниот донатор на петте споменици?

Од:

„Во тек се градежни работи за поставување на дел од петте споменици кои градот Скопје ги прими од Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.

И преку медиумите и на седниците на Советот на Град Скопје СДСМ поставуваше повеќе конкретни прашања поврзани со потеклото, вредноста и изворите на финансирање за овие споменици. Но, досега не добивме никаков одговор ниту од градот, ниту од анонимното здружение“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Затоа денес ќе ги повториме дел од прашањата, а ќе поставиме и нови:

  1. Г-дине Никола Груевски, со оглед на тоа што вие сте со по потекло од Крушоради, Егејска Македонија, дали вие сте анонимниот донатор на петте споменици?
  1. Колкава е вредноста на донацијата на Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин?
  1. Кој е авторот на спомениците кои очигледно се веќе изработени?
  1. Кои се изворите на финансирање на Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин?
  1. Кои се досегашните активности на Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради?

Овие прашања до сега ги упатувавме до градот Скопје и до анонимното здружение и тие сеуште можат да одговорат. Но, сметаме дека вистинската адреса за одговори на сите овие прашања е лично Никола Груевски.

СДСМ не сака да верува дека Коце Трајановски прима донации со непозната вредност, од донатори со непознати извори на финансирање. Уште помалку сакаме да веруваме дека Коце Трајановски поставува споменици во центарот на градот од анонимни и нереномирани автори.

Затоа да не се лажеме. Ајде нека одговори оној кој што навистина стои зад проектот Скопје 2014“, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски