(ВИДЕО) СДСМ Битола: Кампањата за локалните избори започна, а со нив и старо – новите лаги на ДПМНЕ

Од:

„Почитувани, Кампањата за локалните избори започна, а со нив и старо – новите лаги на ДПМНЕ.

Срамејќи се да излезат пред битолчани луѓето кои 12 години го пустошеа градот почнаа да им идат луѓе од надвор за тие да ги претставуваат и да ни кажуваат колку се добри. Па така Антонио Милошоски кој ни беше познат гостин пред избори сега е заменет од Илија Димовски.

И замислете, со поразот во Битола примиле порака дека требало нешто да направат и за неа.

Господа од ДПМНЕ ако во овие 12 години не ви беше јасно што направивте од неа нема да ви стане јасно ниту сега. Немате ниту образ ниту лице одново да ветувате нови проекти кога сите многу добро знаеме дека од Битола направивте град во кој имаме спорт во изумирање, стопанство на колена, најзагаден воздух во Европа, запоставен битолски Универзитет, ракопани улици, град од кој младите масовно се иселуваат и со најмногу канцерогени заболувања во Македонија.

Кандидатот на ДПМНЕ Зоран Илиоски, кој беше приморан да влезе во оваа трка за Градоначалник ќе остани запаметен како човек кој го бранеше криминалот на Талески, го гласаше буџетот со кој Битола остана без Копанки, реновиран Офицерски дом, нови автобуси за јавен превоз и уште многу други работи.

За време на своето директорување во Водовод, цената ја поскапи за цели 100% меѓутоа не заборави да си го вработи својот брат. Освен него си ја згрижи целата своја фамилија мегу кој и својот син, вработен без јавен оглас. Во овие 12 години покажавте и докажавте дека ниту ви е до Битола ниту до битолчани, единствено што ве интересира е личен профит и богатење.

Можеби на парламентарните избори ја добивте пораката, меѓутоа на овие избори и ќе ја разберете – за вас повеќе место во политика нема. На Битола и требаат нови луѓе кои градот ќе го направат поубаво место за живеење“, изјави портпаролот на СДСМ Битола и кандидат за советник, Борче Корлевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ