(ВИДЕО) СДСМ бара 12 милиони денари за поплавените, а не 3

Од:

Она што во меѓувреме го видовме е дека поради итноста на седницата, разбирам дека можеби немало време да се договориме до крај, меѓутоа постојат одредени средства во Буџетот на Градот Скопје, тоа се резервите, коишто можеме да ги искорстиме за зголемување на сумата којашто денеска би ја доделиле интервентно за настраданите подрачја. Не се работи за голем упад и можеме да ги надокнадиме овие резерви од други ставки во Буџетот, рече Дамјан Манчевски, Координатор на Советничка група „Сојуз за иднината” во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.

Ќе предложам измена, односно амандман на нашата одлука, меѓутоа апсолутно не ми е целта да се надгласуваме. Подоцна можеме да побараме пауза за да се договориме, координаторите и градоначалникот да видиме дали сме во можност тоа да го направиме.

Предлагаме амандман за измена и надополнување на предлог одлуката за помош на настраданите од поплавите, со тоа што се врши измена на членот 1 од предлог одлуката и наместо 3 милиони денари, да се доделат 12 милиони денари.

Средствата ги бараме од ставката А0, Совет на Град Скопје, 412 и 413, постојана резерва за непредвидени расходи. Предлагаме овие средства да се надокнадат од некоја од ставките за фасади кадешто имаме 386 милиони денари или пак можеби од ставката ЈПА 482/18, а тоа е депо за вагони за проектот за трамвај.

Да бидеме реални не мислам дека оваа година ќе бидеме во можност тоа да го спроведеме и можеме од таа ставка да ги надокнадиме тие средства.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он