„Наместо за студентите, ВМРО-ДПМНЕ, троши пари за набавка на нови коли. Условите во студентскиот дом во Штип се во катастрофално лоша состојба.
Мувлосани ѕидови, стар и искршен инвентар, санитарни јазли кои се под секој стандард, студ и еднолична храна се само дел од секојдневието на 220 студенти и средношколци од истокот коишто живеат во Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ во Штип“, изјави Даниел Милевски, секретар на ЛК СДММ Штип.
„Оваа институција во 2007 година беше трансформирана од средношколскиот интернат во државен студентски дом во којшто досега требаше да бидат згрижени дел од студентите на штипскиот универзитет.
Наместо да се инвестира за подобрување на условите за живот во студетскиот дом, директорката на оваа државна институција, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Тања Павлова Даневска, реши дa го обнови возниот парк.
Од фондот на студентскиот дом се потрошени речиси 800.000 денари за набавка на ново возило, марка Citroen.
По примерот на Никола Груевски, којшто си нарачуваше мерцедес од 600 илјади евра, директорката од ВМРО-ДПМНЕ си нарачува Citroen.
Ова е само уште еден пример за игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон младите, коишто единствено се грижат за своите лични и бизнис интереси.
За цели 10 години Никола Груевски не изгради ниту еден студентски дом.
Вистината не може да се види на режимските медиуми платени со пари на граѓаните.
Но, студентите не забораваат! Тие сеуште ги паметат лажните ветувања за изградба на студентски град во Штип којшто го имаше во последни три предизборни програми на ВМРО-ДПМНЕ.
Лажните и лицемерни ветувања на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не поминуваат.
По промените, на следните слободни, фер и демократски избори, новата Влада на СДСМ ќе ги промени приоритетите.
СДСМ ќе инвестира за подобрување на условите за живот и студирање на младите.
По промените, Штип ќе добие нов студетски кампус, каков што заслужуваат младите“, рече Даниел Милевски, секретар на ЛК СДММ Штип.