(ВИДЕО) СДММ: СДСМ ќе го укине екстерното тестирање

Од:

„Екстерното тестирање е еден од најнеуспешните проекти на Никола Груевски во образованието. Ниту нешто мери, ниту нешто подобрува. Само ги зголемува фрустрациите кај наставниците, стресот кај децата, учениците и родителите.

Квалитетот на образованието не беше воопшто цел. Напротив. Дополнето со сите други лоши закони и проекти спроведени од страна на ВМРО-ДПМНЕ се создаде хаос во образованието“, рече Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

„Упорноста со којашто ВМРО-ДПМНЕ го турка овој проект и покрај огромниот револт и протести на учениците и родителите, покажува дека за власта во заминување не мисли на учениците.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ им приреди ново малтретирање и нов стрес на учениците со екстерното тестирање.

Од утрово лошиот систем за екстерно тестирање повторно не функционираше. Со часови матурантите чекаа во училиштата за да го полагаат тестот.

Никој не презеде одговорност за тоа што учениците се држеа толку долго време во училиштата иако немаше услови за полагање.

Овој концепт беше наметнат со цел врз илјадници наставници, да се врши постојан притисок за да им се наметнува партиска контрола. Заканите со казни, кои беа масовно воведени, беа втората алатка со која Никола Груевски сакаше послушни наставници, луѓе кои ќе мислат на казните и како да се спасат од нив а не на хаосот во образованието и лошиот живот.

Наместо екстерно, потребно е вистински развој на образованието.

Во интерес на учениците, професорите, родителите и целокупниот образовен протест екстерното тестирање ќе биде укинато од Новата влада на СДСМ“, изјави Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он