(ВИДЕО) СДММ Прилеп : Дарувај крв, направи разлика

Од:

„Денеска ЛК на млади при СДСМ Прилеп, заедно со црвениот крст, под мотото „Дарувај крв, направи разлика“, организиравме 11-та по ред хуманитарна крводарителска акција. Водени од солидарноста како еден од основните принципи на социјалдемократијата, ние младите социјалдемократи, со оваа хуманитарна активност-која е една од повеќето што ги спроведовме годинава, всушност ја покажуваме добрината на дело“, рече Валентин Божиновски, претседател на СДММ Прилеп.

Овај хуманитарен настан, рече тој, веќе преминува во традиција. Позитивно сме изненадени, што од година во година се зголемува бројот на луѓе кои донираат крв. За споредба мината година околу 120 луѓе донираа крв, а денес со оглед на големиот одзив очекуваме бројот да биде поголем.
Крвта е секогаш потребна. Со она мало количество крв што секој добронамерен човек ќе го донира, може да спаси нечиј живот. Треба да бидеме хумани, треба да донираме крв, еден ден може да му биде потребна на секој од нас.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?