(ВИДЕО) СДММ: Печурки во собите на студентите, хонорари од 1.200 евра за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Додека младите студенти во Македонија живеат во лоши, нехумани услови, со печурки во влажните соби, срушени тавани и бубашваби во храната, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат на грбот на граѓаните.

Преку Министерството за надворешни работи, сопругата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, добивала месечен надомест од 1.200 евра! Тоа се околу 15.000 евра за период од околу една година“, изјави Рената Јајоска, членка на ИО на СДММ.

„Во 2008-ма година, тогашниот министер за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, формирал посебно Советодавно тело за соработка со Европскиот парламент.

За член на тоа тело е избрана Сузана Петри, сопруга на пратеникот од ВМРО-ДМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Согласно овој Договор покрај споменатите 1.200 евра месечно, сопругата на Ѓорчев, добивала и платени привилегии како: хотелско сместување, пари за сметка од мобилен телефон од 2.000 денари и повратен билет на релација Скопје-Брисел, Скопје- Стразбур.

Но тоа очигледно не било доволно.

Со анекс на Договорот и Сузана добива пари и за такси превоз и превоз со воз. Се на товар на граѓаните на Република Македонија.

Она што претставува законски проблем е тоа што Влатко Ѓорчев, хонорарите од 1.200
евра за неговата сопруга ги нема наведено во Анектниот лист.

Зошто Ѓорчев не ги пријавил овие хонорари на неговата сопруга во Анкетниот лист?

Има ли Влатко Ѓорчев и други непријавени приходи“ рече Рената Јајоска, членка на ИО на СДММ.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар