(ВИДЕО) СДММ: Груевски, немаш уставно право да ни го прекинеш студирањето

Од:

„Уставот е највисокиот акт во државата, што е над Груевски, над Спиро Ристовски, над Абдулаким Адеми, над власта.

Член 44 гарантира дека: СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА ОБРАЗОВАНИЕ!

Сега, нека каже власта на Груевски, со кое право ни го одзема ова уставно право?

Што е следно? Да влезат по фирмите да проверуваат дали примиле доволно стручен кадар по нивното мерило на вредности“, рече Дина Спировска, членка на извршниот одбор на СДММ. 

„Ова е пазарно општество каде што е јасно дека секој кој не знае, нека има и 5 дипломи, не ќе може да ја работи работата во соодветната област подобро од тој што има 1 диплома. Или нема ниедна.

Затоа, апсурдно е оправдувањето на Ристовски, Адеми и Груевски дека целта била квалитет.

За квалитетот филтер во демократскиот свет е конкурентноста во општеството.

Очигледно, целта е нешто друго. Власта, со тоа што ќе ангажира надворешни евалуатори создава механизам за контрола и послушност на младите.

Еве повеќе апсурди што се јавуваат со овој најнов владин хир:

-Бидејќи кредит трансфер системот овозможува студентот сам да одлучи во која година ќе полага определен предмет – како власта го замислува државниот испит по 2-та година? Значи тој што не го полагал предметот, по автоматизам ќе падне.

-Ако студентот падне на државниот испит, дали државата ќе му ги врати парите што ги вложил за студирање и живот, за партиципации, книги, кирии, од 200, 800-тини, 5000, па и 8000 евра изминатите две години?

-Како државата ќе ни врати се што сме вложиле во тие две или четири години? Голем дел од нас паралелно со студирањето работат, само за да ги покријат трошоците.

Сакаме да порачаме дека студирањето е доброволно, а не задолжително.

Секој студент има право да студира и сам да го организира текот на студирањето во зависност од своите можностите.

Оваа мерка на власта е уште една во редицата лоши политики поради што избрка над 250 илјади млади луге, граѓани на Македонија, надвор од државата.

Бараме власта итно да се откаже од апсурдната намера“, изјави на денешната прес-конференција Дина Спировска, членка на извршниот одбор на СДММ.

 

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов