(ВИДЕО) СДММ Битола: СДСМ со мерки за подобра иднина на младите на Македонија

Од:

„Последните 4-5 години според Светска Банка, Македонија ја напуштија 450.000 граѓани, од кои 250.000 млади луѓе, што е мошне поразителен и загрижувачки показател. Тие заминаа во странство, во потрага по егзистенција, која тука ја немаа.

За да се спречи оваа асимилација идната владата предводена од СДСМ покрај другото, ги предвидува следните мерки:

-Ослободување од плаќање од социјалните придонеси, сите работодавачи, кои ќе обезбедат прво вработување на млади лица до 29 годишна возраст во период од една година, под услов тие да останат на работа најмалку 2 години

-Субвенционирање на вработувањето на млади лица на возраст до 29 години, со месечна финансиска поддршка во период од 6 месеци

-Со програмата за практиканство ќе обезбедиме стажирање на млади до 29 годишна возраст, за кои од буџетот ќе се обезбедува месечен надомест со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа

– Спроведување на програмата “Летна пракса” која ќе обезбеди поддршка на работодавачите за пракса на студенти во текот на летните месеци

-Со финансиски средства ќе се поддржуваат проектите кои ја зголемуваат свеста на младите за недостаток од одредени занимања и квалификации.

Ова се само дел од мерките, со кои ќе им се обезбедат на младите луѓе реални можности  да го избегнат долгот и болно отсуство од пазарот на труд и да го зачуваат и подобрат нивниот човечки капитал и потенцијал за плата.

Затоа и Вие млади битолчани поддржете ги овие проекти со тоа што во недела ќе излезете масовно на гласање, давајќи го својот глас за СДСМ и здружената опозиција, со заокружување на бројот 1“, изјави Драган Крајовски, Претседател на ЛК СДММ Битола.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални