Јавниот сервис ги држи во информативен мрак граѓаните, таму се раководат од формулата дека ако не објавуваат за тоа што се случува, значи дека тоа не постои, рече актерот, Сашо Тасевски кој денеска пред МРТ им се обрати на граѓаните што протестираа.
– Во ТВ дневникот на оваа телвизија, како и на другите телевизии попрво ќе чуеме за новиот тостер од топ шоп кој може да се употреби како пегла, отколку за свесното газење на Уставот на оние што управуваат со оваа држава – рече тој.
Тасевски испрати апел до граѓаните да се приклучат на протестите и да дадат своја поддршка затоа што, рече, „одамна е поминат прагот кога во Македонија беше удобно да си неутрален.“
– Ако не и помогнеш на правдата, тогаш значи дека ја помагаш неправдата. Неутрален значи застанат на страната на злото. За да ги разбудиме граѓаните во себе мораме да се разлутиме и да викнеме „Јас сум слободен човек!“, „Мојата татковина има вредност, нема да дозволиме некој безобразно да ја гази!“, „Лут сум и ова срање повеќе нема да го трпам!“ – рече тој.
Маја Васева