ВИДЕО: Само 5 отсто од граѓанските организации биле вкучени во креирање стратегии за реформите во јавната администрација

Од:

Граѓанската алијанса за транспарентност спроведе истражување поддржано од Европската унија, ФООМ, и Евротинк Центар за европски стратегии за знаење и учество на граѓанските организации во процесот на реформи на јавната администрација (РЈА).

Клучните наоди од истражувањето се дека граѓанските организации главно се вклучени на ад-хок проекти или активности во реформите за јавната администрација.

47 отсто од граѓанските организации не се информирани за постоењето на стратегија за РЈА, додека пак 67 отсто не се информирани дека е започнат процесот на креирање нова стратегија за РЈА.

Само 5 отсто од граѓанските организации биле вклучени во процесот на креирање стратегии за реформи во јавната администрација. Мнозинството на граѓански организации немаат големо знаење за РЈА, односно само 14,5 отсто од организациите се добро запознаени.

Зајакнато граѓанско општество во својот диверзитет е клучна и интегрална компонента на секое демократско општество и е самото по себе многу важно. Граѓанското општество носи плурализам, еднаков развој и инклузивен растеж, рече Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

– Граѓанските организации имаат капацитет да ги бранат и да повикуваат на малцинствата на социјалните групи кои се волнрабилни, исто така можат да потикнат и развој на општеството. Добро функционирачка јавна администрација е предуслов за транспарентно и ефективно владеење. Улогата на невладиниот сектор е клучна, вели Жбогар.

Извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфилова- Пановска изјави дека граѓанското општество во Македонија е во еден од најтешките моменти од неговото функционирање со високи ризици за негово опстојување поради невидениот притисок од страна на државните институции.

– Преку овој значаен проект ФООМ ја поддржува соработката на граѓанските организации со јавната администрација во интерес на зголемена транспарентност. ФООМ ја поддржува реформата во јавната администрација уште од времето кога тоа беше пионирски чекор со дирекна помош на властите во тоа време да се подготви законот за државни службеници и агенцијата за државни службеници, вели Каранфилова- Пановска.

Се надевам дека ова ќе биде почеток на една нова етапа од нашата работа, а не нови закани и предизвици кои што ќе ги направат овие слики да бидат редовна практика и начин на функционирање на синергијата помеѓу овие фактори, рече Бојан Маричиќ, извршен директор на „Евротинк – Центар за европски стратегии“

Две работи се клучни за успешни реформи во јавната администрација. Едната е постоење на силна политичка волја кај владата која што во моментот ги спроведува реформите, а второто е доволно притисок и поддршка од јавноста и граѓанското општество да се опстои на вистинска реформа која ќе ја донесе јавната администрација во мерка и по мерка на сите граѓани, изјави Маричиќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Горан Наумовски

Политико: Администрацијата на Доналд Трамп ја обвинува Европа за „орвеловска“ цензура

Кос: Нема да бидеме безбедни сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во ЕУ

Европската Унија „преку ред“ ќе добие нова членка

Мерц: Прашање е дали Украина ќе биде примена во ЕУ до 2034 година

Предраг Петровиќ