(ВИДЕО) Русковска за Јанева: Колешката не сфатила до сега дека е обвинета за злоупотреба на службената положба

Од:

Обвинителката Вилма Русковска по завршување на рочиштето за “Рекет”, запрашана за изјавата на Јанева на едно од минатите рочишта кога кажа дека јавноста ќе види дека станува збор за потпуп, искоментира дека обвинетата до сега не сфатила за што е обвинета, алудирајќи на тоа дека не се товари за земен рекет, туку само злоупотреба на службена положба и овластување.

„Обвинителството за кое кривично дело сметаше поднесе пријави, односно за противзаконско посредување и перење пари,а изгледа колешката не сфатила до сега дека е обвинета за злоупотреба на службена положба и овластување“, рече Русковска.

На следното рочиште, на барање на Русковска ќе бидат изведени снимки, за кои обвинетиот Бојан Јовановски рече дека ќе ја отворат Пандорината кутија, а за кои заедно со Катица Јанева бараа да се чујат во јавност.

„Одбраната и обвинетите направија голем проблем околу тоа, јас лично сметав дека прикажувањето на тие разговори се непотребно одолговлекување на постапката, но ете сепак поради јавноста и да нема никакви сомнежи дека обвинителството не сака да прикаже некакви докази кои наводно одат во корист на одбраната, предложив утре да се слушнат и тие снимки”, вели Русковска.

Русковска не сакаше да коментира за Законот за јавно обвинителство, бидејќи, како што кажа, ќе чека да биде објавен во Службен весник за да го види официјалниот текст.

 

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска