Формирање парламентарна комисија која ќе изготви извештај за случувањата во собранието при донесувањето на буџетот за годинава, како и формирање техничка Влада, бара лидерот на опозициската НДП и градоначалник на Гостивар Руфи Османи.
Османи, чија партија по инцидентите го напушти законодавниот дом, вели дека целта е покрај локалните да се распишат и фер парламентарни избори.
Нема официјална одлука дали тој ќе се кандидира за втор мандат како градоначалник на Гостивар, но вели дека е во преговори со професорот Абдулменаф Беџети за да прифати кандидатура за градоначалник на Тетово.