(ВИДЕО) Роглев: Граѓаните на Богданци заслужуваат подобро, заслужуваат да живеат во модерна и убава општина

Од:

„Граѓаните на Општина Богданци заслужуваат подобро, заслужуваат да живеат во модерна и убава општина, општина, во која конечно ќе бидат задоволени сите наши основни потреби.

Програмата што ја нудиме е реална и остварлива, базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемлија.

Нудиме модел на општина со широко отворени врати за секој граѓанин, за секој проблем, за секој предлог, за секоја идеја без разлика од каде доаѓа, се со една единствена цел заеднички да направиме модерна и современа општина Богданци.

Затоа, jас и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, силно ќе се залагаме за да обезбедиме подобар живот за нашите сограѓани и тоа преку:

Урбанизација.

Изградба на квалитетна инфраструктура.

Подобро образование.

Заштита на животната средина.

И најважното, почитување на волјата на граѓаните искажана преку референдумот за изградба на рудници на територијата на Општина Богданци.

Исто така нема да дозволиме изградба на прифатилиште за подолг престој на мигранти на територијата на општина Богданци. Ние Богданчани сакаме да помагаме, и немаме дилеми да помогнеме кога е тоа потребно, но за се има граници.

Ќе ги вратиме традиционалните настани кои во минатото ја красеа општина Богданци, го обединуваа народот без разлика на националност, вера, или партиска припадност.

Ќе го вратиме спортскиот дух во Богданци на она ниво по кое беше препознатлива општина Богданци во минатото не само во Македонија туку и пошироко“, изјави Никола Роглев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Богданци.

Би можело да ве интересира

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС