ВИДЕО: Родителите не дозволуваат изнајмување на училишното игралиште во „Киро Глигоров“ и изградба на кафуле

Од:

Родителите на учениците од основното училиште „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец денеска излегоа на протест на игралиштето заради комерцијалното отуѓување на училишното игралиште, кое според нив било издадено на користење на приватна фирма.

Тие велат дека ако игралиштето се даде на приватна фирма, каде според нив подоцна ќе никне и кафуле, децата нема да можат да го користат после часови, а на тој начин се ограничува нивната слобода.

Родителите револтирани велат дека планирана е шестметарска ограда околу игралиштето со мрежа одозгора, со што ќе биде и поставен редар од страна на приватната фирма „Форца“ за привремен влез на децата кои сакаат да влезат на игралиштето. Но велат дека нема да остане само на заградено игралиште, туку и дека среде училиштето ќе никне и кафуле. Тие велат дека правно е прекршена одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“, а со тоа се заобиколува и мислењето на родителите, а на децата им се одзема училишното игралиште во коешто децата безбедно и безгрижно ќе ги поминуваат училишните денови.

„Излезени сме на протест затоа што се сакаме да се затвори игралиштето, да се гради со ограда од над шест метри, да биде како кафез. Немаме против школото да остварува профит, но да биде во рамките на здрав разум. Можат да го издаваат без огради како што издаваат училници, сала после часови. За викенд и летен распуст игралиштето припаѓа на децата“, вели Билјана Петровска, чие дете учи во основното училиште „Киро Глигоров“.

Таа додава дека училиштето има огромни сметки за струја околу 700 илјади денари, а сметките би се плаќале со тоа што ќе се издава игралиштето за околу 500 евра месечно. Родители добиле и ветување од претходниот градоначалник дека училиштето нема да се издава без консултација со родителите, но и во извештајот од Советот на родители, но сепак тоа се случило откако пред три недели добиле известување од училиштето дека игралиштето ќе биде дадено под наем на фирмата „Форца“. Родителите се надеваат дека директорката ќе ги прифати нивните барања и дека училишното игралиште ќе биде оставено на децата.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски