Со болка и солзи во очите родителите и семејството на Тамара Димовска од Велес, слушаат за искуствата на луѓето што ги поддржаа во протестот против сите одговорни за случајот на нивната 9-годишната ќерка, која почина, чекајќи Фондот за здравство да одлучи да ја плати операцијата во Турција.
Протестниот марш тргна од Фондот за здравствено осигурување и продолжува до Министерството за здравство.
На протестниот марш се приклучуваат многу луѓе, револтирани и потресени од судбината на малата Тамара
На почетокот на протестот, јавно беше прочитан наодот за Тамара во кој лекарите предупредуваат дека доколку не се лечи девојчето може да дојде до тешки компликации.