Семејствата на загинатите полицајци во конфликтот 2001 година им честитаа празникот на припадниците на МВР но потсетија дека и нивните деца беа полицајци.
-И тие сега мирно што седат во нивните фотељи имаат заслуга за нив. Синот отиде во Требош да го даде животот, а сега нема кој да те обештети. Ниедна пара нема да го врати назад, но не е праведно, рече Јадранка Ивановска.
-Дванаесет години, уште никој да не помисли за обештетување, уште 10 фамилии остана на цедило рече таткото на погинатиот полицаец во 2001 година Оливер Петрушевски.