Не можеме да ја преудицираме одлуката на уставниот суд, меѓутоа сметаме дека постоењето на СЈО е во интерес на сите граѓани во Република Македонија, дури и во интерес на политичките партии, затоа што со нашата работа целта е да се открие дали навистина постои криминал, кај кои лица постои и истиот да биде санкциониран за да може да се подигна стандардот за владеење на правото и да се изгради повисок степен на доверба, рече специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска.
Според неа, предметите кои денеска ги објавија се непознати во јавноста, па затоа не можат да ги дадат сите детали, но истакна дека сите обвинети се службени лица.
– Двете обвиненија кои се поднесени се во скратена постапка, тоа се кривични дела со казна затвор до пет години, за кои не се отвара формална истражна постапка, туку истражната постапка е споена со предистражната постапка и кога обвинителството ќе собере доволно докази од кои може да очекува осудителна пресуда се поднесува обвинение. Првиот предмет за ништење на службена документација во рамки на Управата за безбедност и контраразузнавање е предмет кој што е различен од Тврдина. Во Тврдина зборувавме за уништување на системите како објекти, како предмети кои што беа уништени. Освен системите, уништена е и бројна документација. Самиот чин е инкриминиран со кривичното дело фалсификување на службена исправа затоа што тоа дело го прават и оние кои ќе уништат службена докментација а се службени лица во организацијата, рече Ристоска.
На новинарско прашање, обвинителката појасни дека адвокатот Тортевски, кој е ангажиран како експерт во СЈО не е адвокат во случајот Шпион за кој тие претходно побараа намалување на казните за обвинетите.
– Во никој случај не може да се доведат во корелација фактите што вие сега ги изнесовте. Нашата одлука да се побара намалување на казните во случајот Шпион се базира на доказите, односно на фактот дека првостепениот суд не ги ценел доволно олеснителните околности. Не беше побарано намалување на казната само на обвинетиот Ефремов, беше побарано намалување на казната на сите обвинети лица. За некој да биде предмет на обвинение треба неговите дејствија да значат исполнување на обележјата на кривично дело. Со ова обвинение не се опфатени лицата кои што биле присутни, туку сите оние кои што вршеле кривично дело. Ние имаме целосна слика за тоа кој се бил присутен таму и целосно сме запознаени. Тврдиме дека од наша страна не се процурени никакви информации, рече Ристоска.
Таа истакна дека во обвинителството е ангажиран новинарот Панта Џамбазовски како експерт кој треба да помогне во одделот за односи со јавноста.
– Во делот на извештајот, не се содржани имињата на правните експерти, но ги дадовме јавно, доколку постои поширок јавен интерес ќе ги објавиме на нашата веб страна со пресек на примањата кои што ги имаат, рече Ристоска.
Таа истакна дека не може да одговори кога точно ќе има обвиненија за објавените случаи.
– Двете обвиненија кои се поднесени се во скратена постапка, тоа се кривични дела со казна затвор до пет години, за кои не се отвара формална истражна постапка, туку истражната постапка е споена со предистражната постапка и кога обвинителството ќе собере доволно докази од кои може да очекува осудителна пресуда се поднесува обвинение. Првиот предмет за ништење на службена документација во рамки на Управата за безбедност и контраразузнавање е предмет кој што е различен од Тврдина. Во Тврдина зборувавме за уништување на системите како објекти, како предмети кои што беа уништени. Освен системите, уништена е и бројна документација. Самиот чин е инкриминиран со кривичното дело фалсификување на службена исправа затоа што тоа дело го прават и оние кои ќе уништат службена докментација а се службени лица во организацијата, рече Ристоска
Рокот од 18 месеци не е доволен за целосна истрага на бомбите. До сега се преслушани околу 12 отсто од материјалите кои ги добивме. Во секој случај, не можеме прецизно да кажеме колку време ќе ни треба да ги преслушаме разговорите во целост, рече обвинителката Ленче Ристоска.