(ВИДЕО) Ристески: Општество без традиција и култура нема иднина, наша должност е да го зачуваме идентитетот

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески, денеска во изјава за медиумите рече дека општество без традиции и култура нема иднина и дека е наша долност да го зачуваме идентитетот.

– Ние веќе 12 години посветено и неуморно, вложуваме во развојот на културата, во традициите и обичаите, во историјата, за да можеме заштитата на нашиот македонски идентитет да им ја оставиме во аманет на нашите идни генерации. Затоа со новата програма ќе реализираме огромен број на проекти:
-Ќе формираме културно туристички центар “Крали Марко“ во просториите на општествениот дом во населба Варош
-Ќе ги обновиме опожарените конаци во манастирот Трескавец Прилеп. Проектот го започнавме со поддршка на Владата на ВМРО ДПМНЕ
-Општина Прилеп заедно со советот ќе обезбеди финансиска поддршка за формирање на градски оркестар и градски црковен хор
-Продолжуваме да ги негуваме традиционалните вредности и со меѓународниот карневал Прочка, кој ќе добие Музеј на карневалот – репрезент на обичаите под маски карактеристични за балканските простори
– Заедно со уметнците ќе продолжиме Прилеп да го градиме како град на уметноста. Ќе обезбедиме локации за изработка на мозаици, графити, уметничка урбана опрема кои ќе овозможат визуелно искуство и модерен изглед на градот , а уметниците ќе добијат можност за уметничко изразување, рече Ристески.

Тој додаде дека доколку се обезбедат средства, Прилеп ќе добие и нов театар. Како што кажа Ристески, театарот требало да биде изграден со средства обезбедени од владата, но истите тие средства биле укинати од СДСМ со ребалансот на буџетот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер