ВИДЕО: Ристески најави реконструкција на градскиот стадион во Прилеп согласно критериумите на УЕФА

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески денеска рече дека со инвестирање во спортот и младите се инвестира во здрави поколенија и дека тоа е едно од клучните определби на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во изминатите 12 години во Прилеп изградивме четири спортски сали, балон сали, повеќенаменски игралишта, стадиони со вештачка трева,тениски игралишта, вештачка карпа за болдеринг, летилишта за параглајдинг ,маунтин бајк патеки, скејт парк, мотокрос патека, ги реконструиравме постоечките училишни сали и игралишта и набавивме нови спортски реквизити. Прилеп го направивме центар на Балканот за екстремни спортови за европски и светски натпревари, рече Ристески.

Тој додаде дека во наредните 4 години ќе работи на реконструкција и санација на градскиот стадион и дека ќе продолжи да ги поддржува најголемите спортски клубови ФК Победа и РК Прилеп.

– Поранешниот фудбалски терен „Металец“ ќе прерасне во модерен теренски комплекс на ФК Победа, ќе ги завршиме започнатите и ќе изградиме нови фудбалски игралишта во населените места: Алинци, Канатларци, Големо Коњари, Мажучиште, Селце и Галичани. Ќе поставиме подлога со вештачка трева на фудбалските игралишта во ООУ „Рампо Левката“, ООУ „Гоце Делчев“, Гимназијата „Мирче Ацев“ и студентскиот дом „Орде Чопела“, рече Ристески.

Тој најави инфраструктурно и содржинско комплетирање на спортската арена Лагово, нов спортски комплекс на локација кај училиштето Рамо Левката, повеќенаменско игралиште во населено место Канатларци и Големо Коњари, нови тениски игралишта, трим патеки, субвенционирање за купување на нови велосипеди, како и поставување на маси за пинг-понг на 5 локации во градот.

Ристески најави изградба на 5 баскет игралишта во Точила, Ѓордере кај зградите, Типската населба кај стадионот со вештачка трева, Под Кули и Бончејца помеѓу зградите.

– Во соработка со Федерацијата за училиштен спорт ќе продолжиме со поддршка на училишните спортски лиги, продолжуваме со Поддршката на спортските клубови и спортската академија и ќе дадеме поддршка како и до сега на сите на сите спортски инвестиции, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст