(ВИДЕО) Ристески: Градоначалникот на Прилеп не заслужува да го носи епитетот патриот

Од:

„Градоначалникот Марјан Ристески постави камен темелник на споменикот„Прилепски бранители“ и притоа не кажа дали споменикот се гради во чест на новоформираното здружение со исто име оформено само пред месец-два од неговите партиски послушници, учесници во конфликтот, или пак се однесува на сите прилепски бранители?

Доколку споменикот се гради во чест на сите 5.000 бранители од прилепскиот регион кој учествуваа во воениот конфликт, а кои сега членуваат во неколку различни здруженија, тогаш зошто на поставувањето на камен темелникот не беше повикан ниту еден од нив? Зарем ниту припадниците на полицијата од активниот и резервниот состав кој од самиот почеток на конфликтот на 4-ти марти 2001 го понесоа товарот на својот грб, не заслужија да бидат повикани на чинот на поставувањето на камен темелникот?

– За време на сите овие 8 години колку што бранителот Марјан е градоначалник на Прилеп, тој не успеа да дознае или не сакаше да знае дека постои и делува здружението на припадници на безбедносни сили „Достоинство“.

– Изгледа дека бранителот Марјан никогаш не слушнал за иницијативата на „Достоинство“ од 2008 година, за собирање на 10.000 потписи за донесување на предлог закон за припадниците на безбедносните сили. Не само што Марјан не ја поддржа оваа иницијатива, туку тој не покажа доблест, како „бранител“ да го стави својот потпис на неа“, рече на денешната пресконференција Горјан Ристески, член на „Достоинство“, учесник и тешко ранет во конфликтот од 2001 година, кандидат за советник на советничката листана коалицијата „Сојуз за иднината“.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски