ВИДЕО: Рибина чорба за Гинис

Од:

Рибната чорба за Гинис денес во Охрид беше сварена. Тим на ученици и професори од Средното Угостителско училиште од Охрид учествуваа во нејзиното приготвување кое траеше речиси 6 часа.

Подготвките започнаа пред три дена со чистење на 700 килограми риба и сите потребни намирници неопходни за чорбата. Откако специјалитетот беше готов иљадници граѓани пробаа од чорбата.

Гинисовиот рекорд во приготвување на рибна чорба го држи еден американски колеџ, кој во минатото успеал да приготви 3.020 килограми чорба.

За подготовка на чорбата за Гинис ќе бидат употребени 500кг лосос, 200кг ослиќ и 150кг калифорниска пастрмка, како и 140кг морков, 50кг целер, 20кг пашканат, 110 литри масло, 100кг брашно за запршката, 200 туфчина магдонос и 20кг вегета и сол.

Оваа година по цена од 50 денари се продаваа и дрвени чинии во која можеше да се земе од чорбата. Беа приготвени вкупно 11.000 порции.

Спонзорот на чорбата, бизнисменот Слободан Трпоски рече дека наредната година ќе бидат приготвени 5 тони чорба.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките