(ВИДЕО) Револтирана студентка: Бидете малку свесни каде живеете, излезете и кажете дека се борите за чист воздух

Од:

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека сакате чист воздух, порача студентката Симона на денешниот протест против загадувањето. Таа реагираше што на протестот дошле околу само еден процент од сите десет илјади луѓе кои на Фејбук најавиле дека ќе присуствуваат. На власта, пак и порача дека мора да преземе мерки против загадувањето, зашто во спротивно ќе расте стапката на смртност.

– Оваа држава треба да се бојкотира, сите патишта да се блокираат, бидете малку свесни за тоа што го живеете. Вие може ќе си одите за година – две, но стапката на смртност ќе порасне, ќе умираме од астма, ќе умираме од рак, респираторните патишта ни се загушени. Доста сме активни само на Фејсбук и Инстаграм, излезете и кажете дека сте дошле да се борите за чист воздух, рече Симона.

Дел од граѓаните присутни на протестот пред Инспекторатот на Град Скопје реагираа дека здравствено ги чувствуваат проблемите од загадувањето, болниците се полни, велат, побараа власта да преземе повеќе мерки против аерозагадувањето. Тие сметаат дека 1,5 милиони денари за екологија се малку и обвинија дека власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина.

„Удобноста на вашите газови вреди дупло повеќе од нашите живот – согласно со Буџет на РМ 2019“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух“, се дел од транспарентите на протестот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција